Над нашето небо птици, облаци и авиони. Можеби не сме им интересни, а можеби и не ги забележуваме. Можеби и не постојат, но во тоа тешко ќе ги уверите Американците.
Непознати летачки објекти скоро секојдневно некаде се забележуваат. Вакви случаи се пријавуваат многу повеќе од она што се знае во јавноста, а ова посебно се однесува на САД и Велика Британија.
Всушност, небото во САД се наоѓа веќе долги години под окупација, само во октомври 2008. година таму се пријавени десетици нови случаи.
Тоа многу јасно можете да го видите на оваа карта, на која од месец во месец се вцртуваат пријави за забележани NLO според определена легенда.
Колку оваа мапа е прецизна тешко е да се каже, малку е навистина необична концентрацијата на определени места, но во секој случај оваа карта им дава каков таков увид на оние кои ги интересира или и самите ги собираат овие податоци.